Достапни линкови

Дали одредбите во изборниот законик овозможуваат транспарентност?


Со приближувањето на изборите политичките партии во земјава велат дека ќе бидат транспарентни во однос на финансирањето на нивната изборна кампања и ќе ги почитуваат одредбите од изборниот законик во кој се регулираше оваа сфера. Средства од членство, донации од физички лица и приватни фирми, ова го посочуваат политичките партии како главни извори на финансирање на кампањата која ќе следи. Тие согласно одредбите во законикот ќе можат да ја финансираат кампањата од средства добиени од физички лица во висина од 5 илјади евра и од правни лица во висина од 20 илјади евра. Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ смета дека придобивка од новите одредби во изборниот законик е тоа што се овозможува за изборната кампања да се потрошат повеќе средства.

„Претходно беше потребно да се потрошат околу 420 илјади евра, а согласно новото решение е дозволено да се потрошат околу 1 милион и 600 илјади евра што е реално доволно за една поголема политичка партија.“

вели Вељановски.
Во владеачките Либерално Демократската Партија и ДУИ велат дека веќе се подготуваат за кампањата и финансиите кои ќе бидат потребни, а за тоа на кој начин се финансираат нивните партии изјавуваат:

„Во последно време најмногу се сведува, со оглед на тоа дека веќе го имаме законот, од она што го добиваме од буџетот и средствата од членарина.“

„Се знае дека политичките партии покрај членството имаат и донатори, посебно бизнисмени.“


изјавуаат Роза Топузовска Каровска од ЛДП и Рафиз Алити од ДУИ. За средствата кои ќе ги добијат за финансирањето на кампањата, согласно одредбите од изборниот законик партиите се должни да поднесат финансирски извештај што јавно ќе биде објавен од страна на Државната изборна Комисија, а ќе биде разгледуван од Заводот за ревизија. Доколку се утврдат неправилности ќе следат санкции, објасува Убавка Матевска портпарол на Министерството за правда:

„Може да се казни партијата, да се поништи листата на кандидати, одземање на мандатите итн.“

Но, во Антикорупциската комисија сметаат дека прашањето за финансирањето на кампањата во изборниот законик остана недоволно прецизирано, што може и понатаму да биде главен извор на корупција:

„Во изборниот законик има една одредба во која се говори како неможе да се финансира една изборна кампања, но воопшто не е третирано прашањето за дозволените извори.“

потенцира Михајло Маневски претседател на Антикорупциската Комисија.
XS
SM
MD
LG