Влијанието на Европскиот парламент е големо во процесите што се одвиваат во рамки на Европската унија, оценуваат пратениците од земјава што членуваат во мешовитиот парламентарен комитет за соработка меѓу Македонија и Унијата. Парламентарната соработка според нив е начин да се влијае кај европските пратеници за да се добие поддршка за процесот на евроинтеграција:
„Европскиот парламент игра една голема улога како и сите парламенти. Секако дека најголемото влијание што го има Европскиот Паралмент е токму во насока на процесот на проширувањето на ЕУ и затоа е битно секогаш сите институции во Македонија и посебно Собранието и собраниските тела, да лобираат и одржуваат позитивни контакти со сите тела на Европскиот Парламент во однос на добивање на подршка за проширувањето.“
Изјави Теута Арифи потпретседател на мешовитиот комитет.
Македонија, велат пратениците има поддршка од речиси сите европски парламентарни групи, но дел од нив се повеќе отворени за соработка, а најчесто се тоа помалите групи:
„Морам да истакнам дека има политички групи кои по принцип се отворени кон проширувањето. Јас би ги одвоила политичките групи на Зелените и Либералите, но кои не се мнозинство во Европскиот Парламент. Имајќи го во предвид тоа дека политичките групи на Зелените по политичка ориентација се поотворени по многу прашања, па и по прашањето на проширувањето на ЕУ, додека другите групи неможеме да кажеме дека се затворени, но се поголеми и се бара поголема соработка.“
Вели Арифи.
Соработката меѓу македонскиот парламент и европскиот се одвива токму преку оваа делегација чии членови се среќаваат два пати годишно:
„Поголем број од земјите членки како што е на пример претставникот на Холандија и пратеникот на Словенија во мешовитиот комитет, може да се заклучи дека тие всушност ја даваат и најголемата подршка на Македонија за полноправно членство во ЕУ.“
Изјави Иван Анастасовски член на мешовитиот комитет.