Достапни линкови

logo-print

Криминалот владее на Косово и ги засенува обидите за формирање независна држава


Косово се повеќе паѓа во прегратка на албанските криминални банди, кои фрлаат сенка врз обидите на меѓународната заедница да го претворат во независна држава до крајот на годинава. Ова оценка е наведена во британскиот весник Сандеј Тајмс, во написот посветен на Косово.

Учесниците на разговорите во Виена, спонзорирани од Обединетите Нации, за конечниот статус на Косово се загрижени од тоа што мафијашката мрежа за илегално пренесување оружје од Албанија на Косово во текот на деведесет и седмата и деведесет и осмата сега се употребува за шверц на нафта, цигари и цемент. Проституцијата и дрогата се еден од главните елементи на црната економија. Заработувачката од овој бизнис, како што се наведува во весникот, инвестира во шопинг центри и хотели, кои се дел од развојниот бум во таа покраина. Бензинските пумпи се особено популарни, постојат над две илјади од нив и тоа за население од два милиона жители на територија со големина на Девон, во југозападниот дел на Британија. Во написот на Сандеј Тајмс се наведува дека постојат сомневања оти многумина се занимаваат со рекет кој е контролиран од неколку најголеми семејни кланови кои пак се вклучени во шверцот со нафта од Црна Гора. И покрај напорите на шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен да го намали проблемот, претставници на Обединетите Нации признаваат дека корупцијата егзистира длабоко во срцето на косовската влада. ,,Криминалните групи оперираат скоро неказнето,, вели Марек Антони Новицки, полски експерт за човекови права кој сега е на функцијата меѓународен омбудсман на Косово. ,,Имате криминална држава со вистинска моќ. Подземните илегални структури прават се така и да остане. Ваквата мрежа може да се потпира само врз слабоста на јавните институции, додава Новицки. Деновиве канцеларијата на Обединетите нации за внтарешна контрола го обвини Петерсен дека ги затвора очите за корупцијата на аеродромот во Приштина. Неговиот одговор бил дека ваквото обвинување било целосно недокументирано. Косово, како што се наведува Сандеј Тајмс, се уште технички е дел од Србија. Премиерот Воислав Коштуница вели дека Белград мора да задржи извесна контрола врз покраината. Борбата против корупцијата е искомплицирана и со фактот што таа задача е поделена меѓу повеќе тела со различно ниво на одговорност. ,,Целта е да се држат криминалците под контрола,, вели Новицки, кој додава: Прашање е дали меѓународната заедница може да го прави тоа? Мислам дека тоа е многу неизвесно.
XS
SM
MD
LG