Достапни линкови

Перу: Оланта Умала со најмногу шанси за победа на претседателските избори


Националистичкиот кандидат Оланта Умала има најмногу шанси да победи во првиот круг од претседателските избори во Перу. Ова се заклучува според излезните анкети од вчерашните избори. Анкетите сугерираат дека поранешниот претседател на левицата Алан Гарсија и кандидатката на десницата Лурдес Флорес имаат слични резултати и го делат второто место.
XS
SM
MD
LG