Достапни линкови

Неопходна е координација меѓу практичарите и законодавците


Координацијата мегу законодавецот и практичарите е неопходна, тоа е единствен начин да се надминат правните недоразбирања, чести измени на законите, како и се повеке иницијативи до Уставниот суд, коментираат експертите

„Секоја сериозна држава, која претендира за членство во ЕУ, мора добро да ги обмисли чекорите во легислативна смисла, значи за да направите нова или дополните постоечката, мора тоа да биде проследено со анализа, искуства и мислења на локални и странски експерти. Се она што е избрзано и е политичка одлука повеќе од право доведува до ситуацијата, којашто ние сега ја имаме.“

изјави Гордана Бужаровска, професор на Правниот факултет во Скопје. Судиите кои секојдневно ги применуваат законите велат соработката со нив мора да се интензивира, за да има добри закони и да се избегнат нејасни правни ситуации

„Интензивноста треба да се активира, а законодавецот во голем број случаи треба да ги консултира и практичарите,“

изјави Вели Ведат претседател на Апелацискиот суд во Скопје
Последен ваков случај е поништување на одредбата од Казнениот закон што предвидуваше да се замени затворската казна до една година затвор со тоа што ке се плати. Ова значи дека парите мора да им се вратат на оние кои ги откупиле казните и да за вратат во затвор. Сега коментираат експертите, следи посебен процес:

„Сега судот ќе треба да донесе решение врз основа на одлуката на Уставниот суд ги отповикува претходните решенија, носи нови решенија врз основа на нив ќе мора да се пристапи кон извршување на правосилната извршна пресуда што ја има донесено судот, со тоа што парите ќе мора да се вратат на луѓето и да може да почнат со издржување казна затвор. Второ прашање е колку во ваква состојба ќе има барања за обесшетувања за загубена заработувачка за овој период,“

вели Бужаровска. Од Уставниот суд објаснуваат дека го поништиле членот од Казнениот закон за да се постигне рамноправна положба на сите пред законот.
XS
SM
MD
LG