Достапни линкови

Заедничка економска зона за потенцијалните земји членки на ЕУ


Европските институци на потенцијалните земји членки им нудат мултилатерални односи како и формирање заедничка економска зона по угледот на договорот што Унијата го имаше со земјите на ЕФТА во почетокот на 90 тите години, вели за Слободна европа Елмар Брок претседател на Комисијата за надворешни односи на Европскиот парламент. Тој договор би се применил на оние балкански држави кои би чекале повеќе од 10 години на членство.

Претседател на Комисијата за надворешни односи на Европскиот парламент Елмар Брок вели дека Европската Унија ги нема спороведено неопходните реформи за влез на нови земји членки. Дали тоа значи одлагање на приемот на балканските земји во недоглед?

„Европската Унија ќе ги почитува ветувањата дадени на балканските земји. Тоа пред се значи полноправно членство, кога за тоа ќе се стекнат услови. Секоја од тие држави е на различно ниво. Хрватска на пример е многу подалеку отидена од Албанија што секако влијае на темпото на прием. Истовремено треба да се имаат на ум капацитетите на ЕУ за прием на нови членки што е многу важно. Ќе потсетам дека не е ратификуван новиот европски устав, што всушност беше услов за прием на 10 те нови членки во 2004 година а да не зборувам за следниот круг на проширување. Значи, и Европската Унија мора да си ја заврши домашната задача.“

Елмар Брок вели дека стабнува збор за мегуфаза која веке во овој момент би им овозможила на потенцијалните кандидати пристап кон одредени сегменти на Унијата, на пример внатрешниот пазар, безбедноста, заштитата на животната средина што во старт е 50 насто од погодностите. Дали тоа значи дека привилегираното партнерство е прв чекор кон полноправно членство, а не одлагање на проширувањето на ЕУ.

„Европската економска зона би овозможила привилегирано партнерство за земјите кои не можат или не сакаат да станат членки во следните 10 – тина години. Тоа подобра варијанта отколку да се чека на комплетирање на процесот на прием, кој е крајно неизвесен, имајки ја во предвид компликуваната процедура на ратификација во секоја од 25 те земји членки на Унијата посебно. Затоа е подобро низ оваа форма државите претенденти во старт да ги почуствуваат предностите на идното членство во Европската Унија.“

изјави за Радио Слободна Европа Претседателот на Комисијата за надворешни односи на Европскиот парламент Елмар Брок.
XS
SM
MD
LG