Достапни линкови

Женева: Недостигот здравствени работници придонесува за ширење заразни болести во сиромашните земји


Светската здравствена организација соопшти дека недостигот на лекари, медицински сестри и други здравствени работници придонесува за ширење на болестите во сиромашните земји. Во годишниот извештај, Светкста организација прецизира дека итно се потребни околу четири милиони здравствени работници и тоа во пеесет и седум држави, пред се во Африка и Азија. Во извештајот се додава и тоа дека многу од докторите во сиромашните земји заминуваат од нивните татковини за да работат во побогатите држави.
XS
SM
MD
LG