Достапни линкови

Се потешко „врзуваме крај со крај“


Зголемени се трошоците на македонските граѓани минатиот месец, пресмета заводот за статистика за три насто. Овој индекс кажува и колкава е инфлацијата:

„Доколку се покачи инфлацијата можеби ќе се подобри до некаде ден за ден животот во првите месеци, но долгорочно тоа до поткраднува нашиот општествен капитал.“

Парите едвај ни стигнуваат за леб, а камо ли за други трошоци, ова се најчестите коментари на граѓаните:

„Душата ни знае. Стискаме, струја, телефон, телевизија, работите што мора да се платат. Не останува за луксуз.“

Според податоците на заводот за статистика вредноста на потрошувачката коница за минатиот месец е 10,300 денари, што значи толку пари му се потребни на едно четири члено семејство за храна и пијалаци, а просечната плата е околу 13,000 денари.
XS
SM
MD
LG