Достапни линкови

Македонското министерство за економија со Закон до побезбедни производи


Министерството за економија изготви предлог закон за безбедност на производите, според стандардите на Европската Унија, со цел да се заштитат потрошувачите. Со него, меѓу другото, секој производ ќе мора да има декларација, односно да се стави крај на продавањето се и сешто.

Согласно стандардите на Европската Унија, во иднина не само прехрамбените туку и производите од непрехрамбен тип ќе мора да содржат одредени критериуми препишани во предлог законот за безбедност на производите што во насока на усогласување на домашното со европското законодавство, го изготви Министерството за економија. Едно најбитните правила, регулирани во законот е соодветната декларација, упатство за производот и неговото потекло со што ќе се обезбеди целосна безбедност на производите што се пуштаат на пазарот. Прометот со Техничката стока, играчките и сите други непрехмрамбени производи се регулирани во овој закон. Но со дел од правилата според Организацијата на потрошувачи не се доволни за заштита на потрошувачите. Марија Лончар претседател на Организацијата на потрошувачи вели:

„Ние имаме голем број поплаки поради несоодветна декларација. Треба да очекуваме поголема грижа за безбедноста.“

Лончар вели дека во државава освен за овој тип на производи, посебно е важно да биде допрецизирана и регулативата за непрехрамбените производи.

„Законските акти се донесоа во голем број, но самиот закон има недостатоци на заштитата на потрошувачите, од како што се вели – од нива до трпеза, значи патот на производот.“

Во меѓувреме македонскиот пазар е преплавен со производи со нерегулиран датум, без соодветни информации или многу често кај увозните без превод на декларацијата за содржината на производот. Во земјава иако имаше обиди за регулирање, поради доцнењето со законските регулативи увозот на фалсификувана странска стока е многу чест. Набавувајќи фалсификати граѓаните најчесто незнаат каков квалитет на стока купуваат:

„Навистина, сокови пијалаци се толку фалсификувани и лошо влијаат на здравјето.“
„Намерно ставаат слично име, една буква да е различна, па луѓето што не се разбираат мислат оригинал е.“


Реагираат граганите. Единствените контролни механизми за заштита за граѓаните во ваков случај, е нивната реакција до Организацијата на потрошувачи, која може да делува во враќање на купените производи.
XS
SM
MD
LG