Достапни линкови

logo-print

Многубројни афери за прикривање на вистинските проблеми за кои нема решение


Актуелните меѓу-политички пресметки и обвинувања за разни видови криминални однесувања на одредени личности, укажува на фактот дека предизбората кмапања во Македонија ќе биде остра. Според експертите, се отвораат многубројни афери за да се прикријат вистинските проблеми за кои не се нудат решенија. Истовремено, се проценува дека нидена афера нема да биде расчистена докрај.

Новите обвинувања на политичката сцена, за тоа кој го организирал шверцот на цигари, е одраз на несугурност, велат експертите. Иако е рано за изборни кампањи, дискусиите почнаа да се развиваат и меѓу високите инстанци. Во парламентот се отвори дебата кој стои зад шверцот со цигари, кој тежи милиони евра. Политикологот Хисен Рамадани објаснува, дека политичките субјекти се обидуваат да ги затскријат вистинските проблеми во државата.

„Се даваат знаци на нервоза, врзана и со несигурност на главните политички чинители за сопствената состојба. Мислам дека недостатокот на идеи за економски и социјален развој, недостатокот на творечки проекти за иднината нив ги принудува на вакви чекори.“

Немаме политичка култура и во време кога нема изборна кампања, додава Рамадани. Сепак, обвинувањата можат да бидат и предмет на истрага на соодветните институции.

„Имаат една индикација којашто утре ќе ги принуди главните чинители и оние што не се директно во ивршната власт, туку и во собранието и судството и другите, малку да ги разгледаат овие работи и се да излезе на виделина.“

Од друга страна, пак претседателот на Евробалкан, Јован Донев, вели, аферите што ги произведуваат политичарите ѓе останат неразјаснети, зашто и судството, а и целата држава е партизирана.

„Не, гледате дека политиката е навлезена во сите сегменти. Судот не верувам дека ќе може да расчисти овие работи. Нормално е дека секој сака да ги добие гласачите на своја страна и да го дисквалификува противникот. Проблемот е што многу рано започнавме со жешки теми.“

Тој додава дека оваа кампања ќе се разликува од другите, токму по тоа што во јавноста ќе се вадат најмногу валкани врски. А, со тоа довербата во политичарите ќе биде уште помала.

„Претставата што ја добиваат граѓаните за своите лидери е лоша, и тие ги копират. Една од причините за корупцијата во Македонија е и тоа. Не се внимава што значи тоа за обичниот граѓанин и како тоа се доживува.“
XS
SM
MD
LG