Достапни линкови

logo-print

За коалиции ќе се размислува по изборите


Прелевањето на членови од една во друга политичка партија во албанскиот блок, предизвикува слабеење на опозицијата, велат претставниците на неколку албански партии. Преминувањата на членови од Партијата за демократски просперитет во редовите на Демократската партија на Албанците, не ги вознемирува ПДП. Оттаму велат дека се работи за само неколку поедници кои партијата ја напуштиле поради финансиски мотиви.

„Поединци може да одат, меѓутоа голем број на членови, затоа тие се нервозни, поради заминувањето на голем број членови во ПДП, па затоа наоѓаат поединци што ги купваат, но такви има насекаде и за нив не се дава толку значење,“

изјави претседателот на ПДП, Абдулади Вејсели

ДПА ги негира ваквите обвинувања. Според Илијаз Халими, преминувањата на членовите од ПДП во ДПА , е нивен личен избор.

„Веројатно и тие знаат дека сега ДПА е силна политичка партија која сигурно доаѓа на власт и зошто да не помогнат ДПА да биде уште посилна, зашто само така може да ги реализираат зацртаните политички цели,“

изјави Илијаз Халими од ДПА

Според него, во моментот не постои албанска политичка партија со која Демократската партија на Албанците, би можела да коалицира на претстојните парламентарни избори.

„Нема веќе политички партии со кои може да влеземе во коалиција, нема ниту потреба, со која политичка партија да коалицираме? Јасно е дека ќе останат две политички партии – ДПА и ДУИ.“

Од владејачката ДУИ, велат дека се отворени за соработка со која било полтичка партија од албанскиот блок, иако признаваат дека таа соработка не е на високо ниво.

„Нашата соработка не изостанува со ниту една партија и од албанскиот политички блок во Република Македонија,“

изјави Рафиз Алити од Демократската Унија за интеграција
На прашањето дали ДИУ е подготвена за коалиција со некоја друга албанска партија пред изборите, Алити вели

„Нема да има предизборни коалиции. Би било добро да ги одмериме силите во фер и демократски избори, а после изборите ќе седнеме да разговараме за коалиции“
XS
SM
MD
LG