Достапни линкови

Средба на Оли Рен и Карла дел Понте во Брисел


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте денеска во Брисел на еврокомесарот за проширување Оли Рен треба да му го предаде извештајот за тоа дали српските власти презеле се што е можно за да го уапсат поранешниот генерал Ратко Младиќ. Рен предупреди дека разговорите меѓу Белград и Брисел за зацврстување на соработката, најавени за идната недела, би мошело да бидат откажани ако се покаже дека српските власти не соработуваат со Хашкиот трибунал. Во меѓувреме премиерот на Република Српска Милорад Додиќ најави формирање посебно полициско одделение кое ќе трага по воените злосторници.

Владата на Република Српска, која главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте најмногу ја посочува за несоработка со судот, најави нов курс. Премиерот Милорад Додик, за Радио Слободна Европа најави формирање посебно одделение кое ќе се занимава со потрагата по обвинетите за воени злосторства и по луѓето вклучени во нивното криење.

„Тоа одделение ќе биде во рамките на полицијата на Република Српска, во рамките на криминалистичката служба. Значи тоа ќе биде едно посебно одделение за борба против тероризмот и за потрага по обвинетите за воени злосторства. На ваков начин сакаме да обезбедиме логистика и соработка со луѓето и мислам дека тоа може да даде некаков дополнителен резултат.“

Иако проблемот со израчување на обвинетите за воени злосторства постојано се потенцира како клучен услов за влегувањето на Босна во Европската Унија, сепак, како што вели главниот на босанскиот преговарачки тим Игор Давидивиќ, во досегашниот тек на разговорите ова прашање не било поставувано.

„Не постои ниедна причина да не се интензивира соработката со Хашкиот трибунал. Според тоа, лично сум уверен дека она што се смета за проблем може да се реши пред самото потпишување на спогодбата за стабилизација и асоцијација.“

Дали Босна и Херцеговина е поблиску или подалеку во преговорите за стабилизација и асоцијација по последната посета на Карла дел Понте на Сараево.

„Мислам дека Босна и Херцеговина ќе е поблиску за влегување во Европа единствено ако одговорните за соработката со Хашкиот Трибунал успеат аргументирано на дел Понте да и докажат дека ние всушност не знаеме каде се обвинетите за воени злосторства.“

Вели Десанка Раѓевиќ од Српската демократска партија. Потпретседателот на Сојузот на независните социјалдемократи Крстан Симиќ пак додава:

„Имаме навистина сигурни податоци од разни извори дека сите тие лица не се во Република Српска.“

Според него, и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте била свесна дека најбараните обвинети не се наоѓале на територијата на Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG