Достапни линкови

logo-print

Прага: Шест жртви во поплавите во Словачка и Чешка


Поплавите во Чешка и Словачка досега однесоа 6 животи. Илјадници луѓе се евакуирани, а десетици илјади остаа без електрична енергија. Во Чешка најкритична состојбата е во Моравија, на југот и југоистокот на земјата во сливовите на Влтава и Морава. Критично е и на северот во подрачјата околи Лаба. Во Прага се очекува да буиде прогласен трет највисок степен опасност. Градоначалникот Павел Бем најави дека ќе бидат затворени неколку станици на метрото во центарот на Прага доколку состојбата на Влтава остане критична.
XS
SM
MD
LG