Достапни линкови

Прага: 10 илјади лица евакуирани поради поплави


Најмалку 10 илјади луѓе се евакуирани од своите домови во јужна Чешка, поради излевањето на реките и поплавите. Експертите ја оценуваат ситуацијата како критична и се очекува натамошно растење на нивото на реките. И во Прага нивото на реката Влтава е високо, но официјални претставници велат дека нема опасност од поголеми излевања. Неделава, на повеќе места во Чешка имаше поплави поради дождовите и наглото топење на снегот на планините.
XS
SM
MD
LG