Достапни линкови

Дијарбакир: Три лица загинаа, а 250 се повредени во судир меѓу полицијата и курдите


Турската полиција соопшти дека за време на дводневните судири со курдските демонстранти во Дијарбакир, загинале најмалку три лица, а околу 250 биле повредени. Демонстрациите и судирите со полицијата во Дијарбакир избувнаа во вторникот, по погребот на 4-цата курдски бунтовници, кои загинале во престрелка со турските сили.
XS
SM
MD
LG