Достапни линкови

logo-print

Иран целосно да ги суспендира нуклеарните активности


Советот за Безбедност на Обединетите Нации усвои изјава со која се повикува Иран целосно да ги суспендира активностите поврзани со збогатувањето на ураниумот процес кој може да води кон изработка на нуклеарно оружје. Во изјавата не се наведува што ќе направи Советот доколку Иран одбие да го стори тоа.

Одлуката на 15 те членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации во врска со прашањето на иранската нуклеарна програма, беше едногласна. Меѓународната агенција за атомска енергија за 30 дена треба повторно да го извести Советот дали Иран одговорил на барањата за запирање на процесот за збогатување на ураниум. Иако во изјавата не се наведува што ќе направи Советот доколку Иран одбие да го стори тоа, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека е испратена непогрешлива порака до Техеран оти активностите на Иран и кршењето на меѓународните обврски се неприфатливи. Британскиот амбасадор во Обединетите Нации Џонас Пери изјави:

„Петте постојани членки се апсолутно согласни дека стратегиски приоритет е Иран да нема нуклеарно оружје. Второ ние постојано ја имаме одговорноста за меѓународниот мир и безбедност.“

Иранскиот амбасадор Џавид Зафир кој ја одби можноста да му се обрати на Советот за Безбедност, на новинарите им изјави дека Иран нема намера да направи нуклеарно оружје, но и дека нема да се откаже од своето правио на нуклеарна енергија поради меѓународните закани:

„Иран сака да соработува со меѓународната заедница, но не прифаќа притисок или застрашување. Реков и ќе повторам. Ние сме алергични на притисоци и застрашувања и не одговараме добро на нив.“

Иранскато нуклеарно прашање е тема и на денешниот состанок во Берлин на министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот за Безбедност, Русија, Соединетите Држави, Кина, Британија и Франција плус Германија.
XS
SM
MD
LG