Достапни линкови

logo-print

Косовска Митровица: Потрага по напаѓачите на едно српско момче


Полицијата на Косово е во интензивна потрага по извршителите на вчерашниот напад врз едно деветнаесетгодишно момче во сверениот, српски дел на Косовска Митровица, јавуваат агенциите, потсетувајќи дека момчето било рането со нож во близина на мостот во тој град. Портпаролот на полицијата Сами Мехмети изјави дека ситуацијата во градот била мирна и оти синожешниот протест на србите во северниот дел на Косовска Митровица завршил без инциденти. Вчерашниот напад беше осуден од косовскиот премиер Агим Чеку, како и од чефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен.
XS
SM
MD
LG