Достапни линкови

Новиот закон за вработување ќе го фрли општеството во несигурност


Франција се соочува со генерални штрајкови, демонстрации на кои имаше и насилствата поради спорниот закон за прво вработување Според предлог законот компаниите ќе можат без причина да ги отпуштаат работниците под 26 години, а тоа според владата на премиерот Де Вилпен ќе го зголеми вработувањето. Нашиот дописник Антоан Блуа разговараше со лидерката на студентите Талија Бретон.

Според законот младите во Франција првите две години треба да ги минат по ,,Договорот за прва работа,, - закон што генерираше огромно незадоволство во земјата.

„Не станува збор да прифатиме таков закон, таков договор кој ги става младите во незавидна ситуација. Да бидат отпуштени без мотив, без објаснување. Второ ова е првиот чекор кој ќе го фрли целото општество во несигурност.“

вели Талија Бретон лидерката на студентите во Франција кои заедно со синдикатите три недели одржуваат демонстрации против законот ширум земјата. На прашањето на нашиот дописник дека аргументот на владата е оти така ке се зголеми вработеноста кај младите од кои 20 насто се невработени. Бретон вели.

„Тоа не е вистина. Нема економска теорија, освен некои ултра либерални теории според кои закон за вработување е одговорен за економски пораст. Денес вработувачот ке вработува ако има економски пораст. Денеска на Франција не и оди добро бидејки нема економски пораст.“

Индустриските земји како Соединетите Држави и Британија исто така ги скратија бенефициите и даноците и денеск таму невработеноста е помала отколку во Франција, беше следното прашања за Талија Бретон лидер на француските студенти кои протестираат против законот за Првото вработување по договор.


„Мојот модел не е американскиот, каде што невработеноста е ниска, но каде што луѓето мораат да работат четири различни работи и каде што една четвртина од населението е под линијата на сиромаштијата.“

Генерално изгледа дека Франција е против англо саксонскиот модел на капитализмот. Дали е тоа импресија и на Tалија Бретон.

„Франција е приврзана за социјалниот модел бидејки тој може да функционира. Британија не е модел. Одбиваме да избереме меѓу невработеноста и договор без гаранции. Одбивам да изберам форма на несигурност. Имаме право на стабилна работа со гаранции. Тоа е нашата култура. Тоа е резултат што ни го оставија нашите родители и деодовци од 19 тиот век. И јас сум горда на луѓето што излегоа на улиците. Тоа е единствениот начин да ги сочуваме нашите социјални бенефиции.“
XS
SM
MD
LG