Достапни линкови

Разговори со експертски тим од Европската Комисија


Македонските граѓани кои сакаат да заминат на пат треба претходно да поминат извесно време собирајќи потребни документи што треба да се достават во амбасадите или доколку имаат аранжман од некоја туристичка агенција, мал број од нив посредуваат во вадење визи. За тоа кои се документи се потребни говори еден граѓанин кој неодмна бараше шенген виза:

„Ми беше потребно М1 и М2 формулар, фотокопија од здравствена книшка, фотокопии од лична карта, потврда од работа, потврда за висината на личниот доход и веќе незнам кој се документи беа барани со назнака дека можеби од Амбасадата ќе бидат побарани и оргиналните документи.“

Со цел да се олесни добивањето визи започнуваат разговори меѓу експертски тимови од земјава и од Европската комисија, а во меѓувреме најави за повисоки цени за визите. Олеснувањето на визниот режим како што неодамна информираа од МНР прво ќе се однесува на одредена категорија како студенти, научници и слично. За ова потребно е исполнување на неколку услови, како потпишување на договорите за реадмисија, нови патни исправи и заокружување на процесот на интегрирано гранично управување што мегудругото подразбира модернизирање на граничните премини. Насен граганите ке можат да добиват нови пасоши, а до крај на годинава ќе се заокружи и процесот на модернизирање на граничните премини:

„Избран е понудувачот за изработка на новите пасоши. Станува збор за изработка на современи патни исправи, значи тука течат подготовките, на проектот веќе се работи, германските партнери се дојдени во државата така што некаде по завршување на летото ги очекуваме новите патни исправи. Што се однесува до интегрираното гранично управување, тоа е еден поголем проект. Се работи за нов компјутерски систем кој што ќе овозможи полесно минување на државната граница, меѓутоа и поголема контрола.“

изјави Горан Павловски од Министерството за внатрешни работи.
Министерството за надворешни работи пред експертскиот тим со неколку аргументи. Едниот е дека Македонија не претставува имиграциски ризик за земјите од Европската унија кој произлегува од истражувањето спроведено од Австриски институт за европска политика. На прашањето дали ако вашата држава стане членка на Европската унија би емигрирале во друга членка, во Македонија позитивно одговориле 38 проценти од испитаниците, во Хрватска 55 проценти би заминале во друга земја членка, во Албанија 78 отсто, а во Србија и Црна Гора 42 проценти.
XS
SM
MD
LG