Достапни линкови

Македонија 253 пати на Си-Ен-Ен за 300 илјади евра


Од рекламирањето на Си Ен Ен Македонија очекува зголема посетеност, повеке странски инвестиции. Стручната јавност смета дека ваква промоција на земјава и потребна бидејки во светот малку се знае за неа.

„Сметаме дека со ова отворање кон светот, со дополнителните информации што светот ќе ги добие за Македонија, ќе се добијат зголемени инвестиции и поголем интерес за Македонија,“

изјави Воислав Бислимовски директор на македонската банка за поддршка на развојот. Тој оценува дека придобивките Македонија ке може да ги очекува на среден рок. Дека ке треба да помине време за да се почувствуваат позитивни промени сметаат и туристичките работници. Според нив земјава прво треба да инвестира во инфраструктурата. Филип Христов од туристичката агенција авио турс говори за состојбите во Хрватска и зошто таму на краток рок имаше зголемување на инвестициите

„Кога зборувам за инфраструктура зборувам во комплексна смисла за се што го поврзува туристот со земјата. Вие ќе го донесете туристот на аеродром, аеродромот е феноменален во Загреб, сплитскиот аеродром е исто така, значи првиот контакт со државата е аеродромот. Потоа, треба да го донесете по направени патишта. Има многу елементи кои треба да ги средиме, за да бидеме ОК.“

Промоција на Си Ен Ен досега од земјите во западнен балкан освен Хрватска имаше и Црна Гора каде резултатот е зголемен интерес за инвестирање и број на туристи за 40 проценти. Рекламирањето на Македонија на ЦНН телевизиска мрежа што емитува програма 24 часа на ден, во 212 земји, чини 300 илјади евра, а ке трае околу 4 месеци во кои спотот ке се прикаже 253 пати.
XS
SM
MD
LG