Достапни линкови

Спорот ќе биде надминат


ВМРО ДПМНЕ е оптимистична во очекувањата дека ќе се надмине спорот кој настана кога Владата го прифати амандманот на ВМРО Народна партија. На нивно барање изборот на председателот на Државната изборна комисија ќе се избира со двотретиско парламентарно мнозинство. Ваквото решение во законикот, за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатливо И не води кон напредок во земјава.

„ВМРО – Народна нема право на тоа и ќе се надмине тоа прашање. Веројатно влијание ќе имаат и меѓународните фактори во Република Македонија и тој спор ќе се реши. Не може да настане некој потежок спорт имајќи предвид дека сите треба да се покажеме како поголеми политичари,“

изјави Ефтим Манев од ВМРО-ДПМНЕ

Според него ВМРО Народна партија е нова партија која допрва треба да се докажува на изборите.

„Не може да се формира нова партија, да собере пратеници од неколку партија и да стане и најголема опозициска партија по пратеници. Додека не излезе партијата на избори не и се знае политичката сила во државата.“

Според ВМРО Народна пак, двотретинското мнозинство е неопходно за формирање на државна изборна комисија.

„Многу погрешно е гледањето дека само нас не интересира ние да имаме учество. Прашањето е како да се изгради доверба во изборните органи од страна на сите учесници во изборниот процес,“

изјави Блаже Стојановски од ВМРО Народна партија

Педесеттината амандмани кои ги поднесе ВМРО-Народна партија се обид да се донесе добар изборен законик, а не нашин да се опструира работата на парламентот, потенцира Стојановски:

„Ние немаме бројка на амандмани којашто значи амандман заради амандман, туку заради подобрување на текстот на законот и се однесуваат на суштински работи што значат подобрување на изборниот законик.“

Од Демократската партија на Албанците не сакаат да го коментираат спорот околу овие две партии, но велат дека го поддржуваат постигнатиот компромис помеЃу Владата и опозициските партии.

„Во досегашното законодавство јасен беше поимот опозиција во смисол на изборно учество. Се мислеше на двете најголеми опозициски партии коишто на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови,“

изјави Џемали Саити од ДПА

Од оваа партија негираат дека отсуството на нивни пратеници на собраниските седници не значи бојкот, туку дека се работи за презафатеност на нивните членови поради партиски активности.
XS
SM
MD
LG