Достапни линкови

Македонија има поддршка од САД во напорите за приближување кон ЕУ и НАТО


Македонија има поддршка од Соединетите држави во напорите за приближување кон европската унија и НАТО, изјави денеска во Скопје американскиот сенатор Џорџ Воинович од Комисијата за надворешни работи, чија посета е во рамки на европската турнеја за да ги согледа ставовите во врска со прашањето за статусот за Косово и прогресот на земјите од Југоисточна Европа.

„Нестрпливо чекам да почнам да работам со Македонија, Хрватска, Албанија, се надевам дека наскоро тоа ќе се случи и со Србија, поканите за приклучување во НАТО може да се случат во 2008. Македонија многу помогна со поддршката во Ирак, Авганистан, а од оваа година ќе се вклучи и во Босна и Херцеговина. Задоволен сум што во воениот дел има голем напредок, а приклучувањето во Алијансата го поддржува и јавноста.“

изјави Воинович и додаде дека ставот на Соединетите држави во врска со уставното име е јасен, Америка го призна и тоа не е проблем за патот во евроатлантските структури. Во врска со преговорите за статусот на Косово Воинович рече дека е многу важен исходот за стабилноста во регионот:

„Од српска перспективна имаат многу работи со кои теба да се справат смрттта на Милошевиќ, барања од Хаг, референдум во Црна Гора, а има и преговори за статусот загрижен сум дека ако ова не се направи правилно има можност радикалите да ја превземат власта и да завршат со лидер кој не е продемократски и Србија да стане изолирана, од друга страна на лидерите во Косово им укажав дека треба да ја согледаат деликатноста на преговорите.“
XS
SM
MD
LG