Достапни линкови

Техеран: Иран среќен поради позицијата на Кина и Русија за нуклеарната програма


Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки изјави дека Техеран е среќен поради позицијата на Русија и на Кина во врска со иранската нуклеарна програма. Имено, Москва и Пекинг, за разлика од другите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, не сакаат да ја поддржат нацрт резолуцијата со која се отвора патот за воведување санкции против Иран доколку не се откаже од програмата за збогатување на ураниумот.
XS
SM
MD
LG