Достапни линкови

Минск: Полицијата го прекина протестот на опозицијата и уапси 200 демонстранти


Полицијата во Белорусија го прекина протестот во Минск и уапси околу 200 демонстранти. Приврзаниците на опозицијата протестираа од неделата, не признавајки ги резултатите од претседателските избори, на кои повторно победи актуелниот претседател Александар Лукашенка. Опозициониот лидер Александар Милинкиевич изјави дека властите во Белорусија единствено го знаат јазикот на силата и за утре најави нови протести во Минск.
XS
SM
MD
LG