Достапни линкови

Мадрид: ЕТА ја потврдува решеноста да го положи оружјето


Баскиската сепаратистичка група ЕТА во денешното ново соопштение ја потврдува решеноста да го положи оружјето. Притоа се наведува дека трајниот прекин на огнот стапува вечер на полноќ. ЕТА вчера образложи дека ова го прави со цел да се покрене демократскиот процес во Баскија. ЕТА веќе неколку децении се бореше за независност на оваа шпанска северна покраина.
XS
SM
MD
LG