Достапни линкови

Македонија и регионот во чувствителен период


Македонија и регионот се наоѓаат во чувствителен период. Пред земјава се многу обврски што треба да се завршат во контекст на приближување кон НАТО и ЕУ, но има и отворени прашања, решавање на статусот на Косово, референдум во Црна Гора, оценува стручната јавност. Македонија ја дочекува годинава не толку подготвена:

„Сега на извесен начин како да се наоѓаме назад во оној балкански пакет на серија на прашања предизвик на меѓународната заедница, тука пред се мислам на Косово и судбината на Србија и Црна Гора.“

вели професор Билјана Ванковска од Институтот Евробалкан. Тоа што земјава ја загрижува е успорувањето на темпото за прием на регионот, вели таа и додава:

„Гледано од аспект на Брисел таквата загриженост е сосема разбирлива, без јасни разграничувања на овие држави во настанување тие нема да дозволат луксуз да се прошират во регион каде што државите се слаби и не се подготвени на менаџирање на границите и заштита. НАТО е позагрижен за безбедносни прашања, отколку проширувањето.“

НАТО ке продолжи со трансформацијата за да се справи со новите предизвици, но нема да го занемари проширувањето.

„Македонија и владата во Скопје може да очекуваат НАТО да продолжи со сопствените реформи, но останува и политиката на отворени врати. Во мегувреме надлежните институции треба да продолжат со реформите, не само воени, туку и политички, зајакнување на правниот економскиот систем и слично,“

изјави Крег Ретклиф од мисијата на Алијансата во земјава.

За идеите на Унијата во врска со земјите од регионот евро амбасадорот во земјава Ерван Фуере неодамна изјави

„Комисијата беше многу јасна во својата комуникација кога постави неколку предлози за да ја нагласи определбата на Европската унија за Балканот, прашања како - разговори за олеснување на визниот режим, јакнење на јавната администрација, создавање на слободна економска зона за што настана. Идејата е само да се охрабрат напорите на земјите во приближувањето кон Европската унија и нивната мегусебна соработка.“
XS
SM
MD
LG