Достапни линкови

Скопје: Европратеници идниот месец во Македонија за случајот Ал Масри


Тим составен од пратеници на Европскиот парламент кон крајот на идниот месец ќе престојува во Македонија на разговори со владата околу случајот со германскиот државјанин Калид ал Масри кој тврди дека во Скопје бил киднапиран од агенти на ЦИА. Тимот, како што е најавено во Брисел, ќе биде предводен од Џовани фава, претседател на парламентарниот комитет за истражување на наводите дека Соединетите Држави имале тајни затвори во Европа. Тоа ќе биде прва посета на овој тим на некоја земја која била посочена како дел од аферата.
XS
SM
MD
LG