Достапни линкови

Минск: Продолжуваат протестите против реизборот на Лукашенко


Околу шестотини приврзаници на белоруската опозиција минатата ноќ ја минаа на Октомврискиот плоштад во Минск, во знак на протест поради реизборот на шефот на државата Александар Лукашенка. Демонстрантите веќе четири дена се на плоштадот што, според агенциите, е невообичаено за Белорусија која е под раководство на, како што го нарекуваат, последниот европски дикататор. Лидерите на опозицијата ги повикаа граѓаните в сабота да одржат масовни протести на кои ќе биде побарано повторување на претседателските избори.
XS
SM
MD
LG