Достапни линкови

Минск: Продолжуваат протестите на опозицијата


Приврзаниците на опозицијата во Белорусија ги продолжуваат протестите на централниот плоштад во Минск, не признавјаки ги официјалните резултати од претседателските избори, според кои, Александар Лукашенка доби и трет мандат. Опозицискиот претседателски кандидат Александар Милинкиевич изјави дека изутрината биле уапсени неколкумина активисти на опозицијата. Соединетите Држави и Европската Унија оценија дека претседателските избори во Белорусија не беа фер и слободни, додека Русија веќе му ја честиташе победата на Лукашенко.
XS
SM
MD
LG