Достапни линкови

Кливленд: Оптимизам на Буш за Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш изрази оптимизам за прогресот што е направен во Ирак три години од почетокот на воениот конфликт. Зборувајќи во Кливленд, Буш оцени дека ситуацијата во Ирак останува напната. Тој исто така додаде дека се надева дека нуклеарниот спор со Иран ќе се реши со дипломатски средства, но предупреди дека ако е потребно Соединетите држави ќе употребат воени средства за да го одбранат Израел. Во меѓувреме, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Техеран ќе ја заштити својата нуклеарна програма, од како што рече, конспирациите планирани од Западот.
XS
SM
MD
LG