Достапни линкови

logo-print

Демотивирачки сигнали за Македонија


Привилигирано партнерство наместо полноправно членство за земјите од Западен Балкан, ова е последната изјава која доага од редовите на земји членки на Европската Унија, односно од германскиот канцелар Ангела Меркел. Со ваквата идеа повторно на површина исплива дилемата која владее меѓу некои земји од Унијата, дали е потребно проширување на границите на Европа со нови членки. Ваквите изјави влијаат демотивирачки за Македонија која како земја со статус на кандидат е во процес на спроведување на реформите и точно определените обврски од Европската Комисија, вели професорот од Факултетот за општествени науки Димитар Мирчев.

„За Македонија и во однос на Македонија тие изјави не се многу поволни и оптимистички, бидејќи може само да го забават овој процес на трансформација во земјата, во однос на обврските што ни се дадени од ЕУ.“

Освен последната изјава на германскиот канцелар Меркел, скептичност во однос на тоа дали Европската Унија треба да прима нови членки, веќе одамна изразува Франција. Во оваа насока е и усвоениот извештај од минатата недела од страна на Европскиот Парламент во кој се вели дека треба да се води сметка за капациетот на Унијата при нејзиното проширување, посебно поради потребата за нејзина институционална реформа. Професорот Мирчев смета дека Европсакта Унија мора да се консолидира по ова прашање и да не дава дисонантни тонови.

„За сега тоа се изјави на канцеларката, на европарламентот, на некои други функционери. Но, за земјите аспиранти и се кандидати и тука се некаде со статусот би било добро да се знае што точно се подразбира под тоа.“

Во македонскиот сектор за евроинтеграции оценуваат дека станува збор само за дисонантни тонови, а не за генерален став на Европската Унија. Оттаму велат дека Македонија продолжува со лобирањето за нејзин прием во Унијата

„За сега се користат нашите редовни канали и пријателските врски што ги имаат нашите претставници и политичките партии со претставници во Европскиот парлемент.“

потенцира Драган Тилев, раководител на секторот за евроинтеграции во македонската Влада.
XS
SM
MD
LG