Достапни линкови

Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ


Победата на Алекснадар Лукашенко на вчерашните претседателски избори во Белорусија и предложената нова палестинска влада на Хамас се очекува да бидат главни теми на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија. На средбата во Брисел посебно ќе се разговара за европската финансиска помош за палестинските територии.
Силен тропски циклон, проследен со ветрови со скоро триста километри на час го погоди североисточниот дел на Австралија. Спасувачките екипи чекаат циклонот да се смири за да влезат во погодените подрачја каде што ветрот уривал куќи. Циклонот Лари, како што се оценува, е најсилен што ја погоди Австралија во последниве неколку децении.
XS
SM
MD
LG