Достапни линкови

Багдад: Конфликтот во Ирак влегува во четвртата година


Конфликтот во Ирак влезе во четвртата година. Имено, на денешен ден пред три години американските сили го започнаа бомбардирањето врз Ирак со цел соборување на режимот на Садам Хусеин. Годишнината, како што јавуваат агенциите, минува во знакот на изјавата на поранешниот ирачки премиер Ијад Алави дека земјата била зафатена со верска војна. Американскиот претседател Џорџ Буш пак, изјави дека ирачките лидери треба да продолжат да работат врз безбедноста и демократијата во земјата.
XS
SM
MD
LG