Достапни линкови

logo-print

Венко Глигоров, претседател на Сојузот на стопански комори. Резултатите под очекувањата поради опструкциите од власта и други стопанственици


Сојузот на стопански комори постои веќе втора година. Зошто еден сојуз, а повеќе стопански комори. Дали тоа не е одраз на она што се случува на политичката сцена, односно едни се со власта, а други со опозивијата?

Па добро, не е баш така, но има доста допирни точки. Сојузот на стпански комори постои затоа што тоа така законот го налагаше во 2004 година. Единствена можна опција за здружување на повисоко ниво беше да се формираат комори, кои ќе се здружат во сојуз. Во меѓувреме, владата на Хари Костов, донесе нов закон – дополнителен, и според тој закон се формираше уште една комора, практично заживеа старата комора и стана државна комора. И можеби затоа наликува дека има поделеност на коморите од политички аспект.

Од друга страна во северо западна Македонија пред една година беше формирана Стопанска комора, од некои стопанственици тоа беше оценето како регионализација?

Секое здружување на деловни субјекти го поздравувваме и е добро. Треба капиталот да се заштити. Ако постојат стопанственици кои подобро ќе си го остварат своето право преку формирање на некоја комора, ние тоа го поздравуваме и ние ќе сорабтуваме, ако имаме заеднички интереси.

Како израз на социјалното незадоволство, деновиве низ Македонија се организираат низа протести и блокади. Сето ова се случува спроти изборите. Стопанската комора излезе со оценка дека овие блокади му нанесуваат материјални штети на стопанството. Каков е ставот на вашиот сојуз?

Ако некој излегол на улица и протестира значи има мака и проблем. Ние како стопанственици не сакаме на работите да гледаме краткорочно. Можеби штетите краткорочно се мали, но ако се остварат нивните барања, можеби ќе се заштеди многу повеќе. Ако алудирате на ЕСМ, во поглед на приватизацијата можам да го кажам моето мислење. Но, ако штетите што се прават со блокирањето на сообраќајот се многу помали, во однос на тоа ако евентуално лошо се исптиватизира ЕСМ, тогаш можеби е подобро да се направат помали трошоци сега, отколку да имаме поголеми трошоци во иднина. Јас само сега хипотетички тоа го кажувам. Така што, не треба да се избрзува. Владата треба да направи анализи.

Сметате ли дека политиката на владата нуди поволна бизнис клима?

За жал деловната клима во Република Македонија сеуште не е добра. Отсуствува системска и конзистентна политика на владата, не само на владата на Бучковски туку и на претходните. Затоа и нема резултати на економски план. Се менуваат закони за даноци преку ноќ, од денеска важат едни, од Нова година важи нов закон, којшто влијае врз профитабилноста. Царинските процедури се менуваат исто преку ноќ.

Дали економијата зависи само од власта или и од иницијативноста на стопанствениците?

Дефинитивно најмногу зависи од нас стопанствениите. Но, владата треба да обезбеди фер натпреват и услови за игра. Ако владата ви ги врзе и рацете и нозете, вие колку сакате бидете спретни не може да трчате да давате голови. Значи има вина и во владата зошто отсуствуваат резултати. Давачките за плати се огромни, неефикасна администрација, тоа владата мора даго реши.

Кои се резултатите од досегашното функционирање на Сојузот на стопански комори?

Резултатите не се според моите очекувања и покрај тоа што дел од мисијата ја остваруваме. Целта беше да ги заштитиме фирмите, да ја подобриме деловната клима и да го зголемиме извозот. Првиот дел од мисијата го остваривме. Во делот на деловната клима не сме доволно задоволни, затоа што отсуствува конкретен дијалог и работа со владата. За извозот, тоа е поврзано со првите две. Извозот го гледаме во соработка и со тукашните амбасади и тука постигнавме одредени резултати. Имаме навестувања за активности со германско стопанско здружение, но не може да се очекува за две години да постигнеме нешто, посебно затоа што имаме многу противници. Од една страна, владата во прво време не гледаше како противник и сеуште не гледа како некој конкурент, а тоа е нон сенс, затоа што ние не сме политичка партија, туку асоцијација и веројатно тука се измешани работите. Владата треба да види кој и е политичкиот конкурент. А, втора работа е што имаме обструкција од олигарсите, коишто вршат притисоци на нас како фирми да се откажеме од концептот на Сојуз на стопански комори за да повторно се врати старата комора, старите социјалистички навики и слично и ние успеваме со тоа да се справиме. Покрај тоа што имаме сопствени проблеми имаме обстукции и од тие од коишто не треба да очекуваме.
XS
SM
MD
LG