Достапни линкови

logo-print

Багдад: Продолжува операцијата на американската и ирачката војска


Америкаските и ирачките војници ја продолжија воената операција во областа Самара северно од Багдад. Во тро дневната акција приведени се осумдесет осомничени бунтовници, мегу нив 6 осомничени за убиството на новинарката на ирачката телевзија Ал Иракија Амџад Хамед. Ирачкиот црвен крст соопшти дека испратил шатори и храна за лугето кои ги напуштиле своите домови за време на операцијата.
Анти воените активисти денеска во Азија ја одбележуваат три годишнината од инвазијата во Ирак.Стотици демонстранти на улиците во Токио ја повикаа јапонската влада да ги повлече своите војници .Околу 1000 активисти во Сеул бараа повлекување на 3200 војници од северен Ирак. Протести се одржуваат и во главниот град на Малезија , Куала Лумпур.Вчера анти воените активисти протестираа во повеке европски градови.
XS
SM
MD
LG