Достапни линкови

Пожаревац: Попладнево ќе биде погребан Слободан Милошевиќ


Попладнето во Пожаревац ќе биде извршен закопот на Слободан Милошевиќ кој почина од срцев удар во Хашкиот Трибунал каде што му се судеше за воени злосторства. Претходно неговото тело беше префрлено од Музејот 25 Мај на платото на Собранието на Србија и Црна Гора, каде што се собраа илјадници негови подржувачи. На погребот во Пожаревац, според најавата, ќе бидат присутни политички преставници на Русија, Кина и Куба, а се уште не е јасно дали ке се појави некој член од неговото семејство.
XS
SM
MD
LG