Достапни линкови

Авганистан: 9 полицајци загинаа пренесувајќи ги телата на тројца етнички Албанци од Македонија


Девет авганистански полицајци загинаа, пренесувајки ги телата на четирите странци, меѓу кои најмалку тројца етнички албанци од Македонија, кога нивното возило синоќа на пат кон Кандахар налета на нагазна мина. При тоа биле ранети тројца полицајци, соопшти гувернерот на авганистанската провинција Кандахар Асадулах Калид. Како што е познато талибанците на 11 Март киднапираа 4 странски работници. Нивниот портпарол соопшти дека тие се егзекутирани, а нивните тела потоа беа најдени во планинската област Маиванд. Сите четворица странци беа вработени во Авганистан преку германската фирма Еколог.
XS
SM
MD
LG