Достапни линкови

logo-print

Понудата од 225 милиони евра за ЕСМ не е висока


Не е висока Понудата од 225 милиони евра за ЕСМ и плус 96 милиони евра за инвестиции, и не е резултат на подобрената бизнис клима во земјава, истакнува професорот по економија на Штуловиот Универзитет Абдулменаф Беџети.

„Само во делот на трафостаници Дистрибуцијата поседува над 300 милиони евра капациетети, само во тој дел, дури и без мреажата. Дури треба да се има во предвид дека Компанијата и со сегашниот неефикасен менаџмент заработуваше релативно добро, што значи странскиот инвеститор само менаџментот да го промени сигурно тој ќе го триплира износот на профитот на годишно ниво. Без разлика што имаше некои очекувања намерно толку ниски за да испадне алиби при понудата и сега да бидеме задоволни. Ние создаваме алиби на самозадоволство за сегашната цена,“

е тавот на професорот Беџети е реплика на изјавата на премиерот Бучковски.

„Сакам од име на Владата да го изразам задоволството од постигнатата цена. Ова според анализите е највисоката цена во регионот и како второ уште една потврда за исклучително поволната бизнис клима која се создава во Македонија.“

Абдулменаф Беџети додава дека со приватизацијата нема да се овозможи либерализација на пазарот, бидејќи тоа се случува само ако има конкуренција на пазарот.

„Декларативно само велиме дека пазарот либерализиран, но кажете ми кој е другиот оператор што ке создаде конкуренција, а кој е третиот бидејќи само така можеме да зборуваме за конкуренција.“

Иако денеска веќе треба да се потпише купопродажниот договор, реакциите не стивнуваат. Од Глас на светлина повторно најавуваат блокади на патиштата.

„Претходните најави беа дека ЕСМ вреди 100-120 милиони евра што значи дека граѓаните можат да очекуваат уште поголемо покачување на струјата после приватизацијата на ЕСМ Дистрибуција.“

вели Ромео Јосифовски.

Во целата постапка на приватизација Простор за сомневање отвори и барањето- договорот за купопродажба да остане затворен за јавноста. На крајот од постапката, се дитанцираа и Антикорупциска комисија и Транспарентност Македонија, бидејќи им било побарано да не изнесуваат во јавност детали од договорот.
XS
SM
MD
LG