Достапни линкови

Виена: Втора рунда преговори за идниот статус


Преговарачките тимови на Белград и на Приштина денеска во Виена го почнаа вториот круг од преговорите за идниот статус на Косово. Преговорите кои почнаа пред дваесетина дена се водат со посредство на пратеникот на Обединетите Нации Марти Ахтисари. Српската делегација пред почетокот на разговорите на Ахтисари му предаде протестно писмо поради наименувањето на Хашим Тачи за лидер на косовската делегација. Тачи беше командант на поранешна ОНА и Белград го обвинува за тероризам.
XS
SM
MD
LG