Достапни линкови

Предлог од Европската Комисија за можните конечни граници на ЕУ


Европскиот парламент побара од Европската Комисија до крајот на годинава да подготви предлог за можните конечни граници на Европската Унија. Во необврзувачката резолуција, европарламентот бара и разјаснување на поимот ,,капацитет на апсорбција,, кој се користи во Брисел за да се означи поддршката на Унијата до земјите кои сакаат да станат дел од заедничка Европа.

Европските законодавци сакаат Европската комисија до декември годинава да ги исцрта контурите на принципите со кои се оправдува способноста на Унијата да прифати нови земји членки. Притоа, како што се додава, треба да бидат вклучени и географските граници на Европската Унија. Турција, Хрватска и Македонија официјално имаат кандидатски статус од Унијата која пак, на сите други земји од Западен Балкан, како нивна долгорочена цел, им има понудено европска перспектива. Украина исто така сака да влезе во Унијата. Капацитетот за апсорбција, односно способноста на Унијата да прифаќа нови членки треба да биде дирктен и со тоа да стане основа за натамошниот процес, вели германскиот конзервативец Елмар Блок, инаку шеф на комитетот за надворешни работи на европарламентот. Во резолуцијата се сугерира нудење на тесни мултилатерни односи на Унијата со земјите што не би можело да станат нејзини членки. Како опција се нуди токму она што Брисел им го има понудено на земјите со кандидатски статус. ,,Ни треба нешто меѓу целосно членство и соседска политика. Ни треба некаков вид заедничко економско подрачје што би послужило како стартна основа,, вели Брок. Европратениците уште еднаш повторија дека Европската Унија не би требало да се проширува пред да ги реши сопствените институционални проблеми откако Франција и Холандија го отфрлија новиот европски Устав. Ваквите ставови на парламентот наидоа на критики од Европската Комисија. Од таму е препорачано да се одбегнуваат вакви теоретски дебати за конечните граници на Европа. ,,Тоа нема да и помогне ни на Унијата, ни на земјите кои сакаат да бидат дел од неа. Неодговорно е да се нарушува процесот кој помага за изградба на стабилни партнери во најнестабилните делови на Европа,, оценува комесарот за проширување Оли Рен. На ист став е и Урсула Пласник, министерката за надворешни работи на Австрија, земја које а актуелен претседавач на Унијата. Таа, оценувајќи дека проширувањето е мировен проект за Европа вели: ,,Не можеме да прифатиме ситуација каде што Западниот Балкан е заборавен од Европа,,. Инаку, секое ново зачленување во Европската Унија треба да биде одобрено од Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG