Достапни линкови

Авганистан: Пронајдени телата на четворицата странци киднапирани од Талибанците


Авганистанската полиција соопшти дека пронашла тела на тројца Албанци и еден Германец, киднапирани од талибанската милиција во јужен Авганистан, три дена откако нивната егзекуција беше објавена. Според извештаите, телата биле опкружени од мини. Телата биле пронајдени во Маванд во провинцијата Кандахар, јави германската агенција ДПА. Четворицата беа киднапирани на 12 март, заедно со четворица Авганистанци. Авганистанците подоцна беа ослободени. Компанијата Еколог и македонското МНР, потврдија пред неколку дена дека се грабнати државјани на Македонија, тројца жители на Тетово и еден од Скопје.
XS
SM
MD
LG