Достапни линкови

Рускија побара укинување на Хашкиот Трибунал


Синот на Слободан Милошевиќ го превзеде неговото тело од Хашкиот Трибунал. Судот во Белград ја укина потерницата за Мирјана Марковиќ за сопругата на Милошевиќ да може да присуствува на погребот во Белград. И додека смрта на некогаш најможниот човеки на Балканот се користи за политички препукувања меѓу власта и опозицијата во Србија, Москва побара укинување на Хашкиот Трибунал.

Погребот на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија Слободан Милошевиќ ке биде извршен во Белград, а датумот дополнително ќе биде соопштен, соопштија од неговата Социјалистичка партија. Основниот суд во Белград ја прифати гаранцијата од 15 илјади евра, за укинување на мерката притвор на сопругата на Милошевиќ, Мирјана Марковиќ, која е во Русија, дека таа нема да се крие по завршувањето на судската постапка против неа така што таа ќе може да присуствува на погребот. Со тоа на семејството на Милошевиќ му е овозможено погребот да биде извршен во Белград, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница.

„Погребот е цивилизациски чин кој се почитува и е во духот на нашата традиција и јас сум убеден дека во оваа ситуација сите ќе се однесуваат на тој начин,“

рече Коштуница.

Функционерите на Г=17 велат дека немаат против природното право на Мирјана Марковиќ да присуствува на погребот, но дека законите треба да бидат исти за сите, а таа за жал не беше достапна на Република Србија повеќе од три години.

„Но решително се противиме хуманото право на роднините и пријателите да биде над законот.“

изјави Чедомир Антиќ. Меѓутоа, Мира Марковиќ, според потпретседателот на рускиот парламент Сергеј Бабурин нема да присуствува на погребот, бидејкуи гаранциите за безбедност на властите во Белград ги смета за недоволни. Инциденти меѓу политичките приврзаници на Миложевиќ и противниците имаше и Собранието на Србија, околу предлогот на српските радикали на Милоќевиќ да му се оддаде почест со минута молчење. Во меѓувреме руските медиуми и политичари доста критички се осврнаа кон Трибуналот во Хаг и Запад во целина обинувајки ги индиректно за смрта на Милошевиќ и за пристрасност во текот на судскиот процес. Така министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека не им верува на резултатите на обдукцијата на холандските лекари, како што и Хаг не им веруваше на гаранциите на Кремљ, Милошевиќ да се лечи во Москва. Руската Дума дури побара и укинување на Хашкиот Трибунал. Андреј Шари новинар на руската редакција на Слободна Европа вели.

„Медиумската сцена во Русија сега многу личи на медумската сцена во Србија од времето на Милошевиќ. Независни медиуми речиси и да нема. Поголемиот дел се контролира од Кремљ. Поголемиот дел е чиста националистичка пропаганда и анти американизам.“
XS
SM
MD
LG