Достапни линкови

Денеска до 16 часот рок за доставување на понудите од странските компании за купување на ЕСМ


Денеска до 16 часот завршува рокот за доставување на понудите од странските компании за купување на ЕСМ Дистрибуција. На тендерот се пријавија четири странски комапнии германската РВЕ Енерџи, австриската ЕВН, исталијанската ЕНЕЛ и чешката Чез. Понудите на овие компании кои влегоа во трката за купување на мнозинскиот пакет на акции на Дистрибуцијата ќе бидат отворени утре а во петок ќе биде објавен идниот сопственик. Во понеделникот, на четири дена пред отварањето на понудите увидот во финанлниот купопрадажен договор од страна на Владата беше одложен, со образложение дека тоа е во согласност на договорот за доверливост кој таа го потпишала со четирите потенцијални купувачи. Од стартот на кампањата за продажбата на Електростопанство, реакциите во јавноста не спласнаа. Забелешките за тајните намери и нетранспарентонста на тендерската постапка кои од почетокот на процесот ги изнесуваат, од опозицијата велат дека со оваа последна постапка околу необјавување на купопродажниот договор, се потврдуваат како вистинити:

„Дали јавноста во Македонија не смее да има увид во купопродажниот договор затоа што во него се наведени размерите на катастрофата што го очекува народот и затоа и Владата и купувачите сакаат договорот да биде таен!? Исто така, пристигнувањето на понудите во тајните простории на Владата е можен извор за сериозни нарушувања на целокупната постапка.“

Вели Атанаско Туневски, од ВМРО ДПМНЕ и професор на Електромашинскиот факултет. Освен забелашките за нетранспарентоност, од почетокот на процесот, Ставот на опозицијата е дека не треба да биде прададен мнозинскиот пакет акции од Електродистрибуција, туку процесот на приватизација да почне со помал процент со цел да се види како влегувањето на странски капитал ќе влијае врз работата на Електростопанството и како тоа ќе се одрази на граѓаните. На ваквите забелешки на опозицијата и воопшто јавноста, Власта се брани со свои аргументи:

„Зошто треба да се приватизира? Останува јасно дека прво во оваа фаза предмет на приватизација е само Дистрибуција, понатаму продажбата треба да се направи бидејќи со тоа ќе добиеме стратешки инвеститор кој ќе го унапреди електро-енергетскиот систем.“

Изјави министерот за економија Фатмир Бесими. Активен учесник во текот на целиот процес против приватизацијата на ЕСМ Дистрибуција беше граѓанското здружение Глас за светлината, нивните протести и блокади траат во изминативе три месеци, оваа последна недела пред финишот на продажбата ја нарекоа како пеколна, нивното негодување се до петок продолжува со протести пред Владата.
XS
SM
MD
LG