Достапни линкови

logo-print

Париз: Петмина полицајци повредени во судирите со студентите


Петмина полицајци биле повредени во судирите со студентите во Париз, кои протестираат против новата владина политика за вработување. 17 Универзитети во Франција биле блокирани, а во многу други била отежната работата, јавуваат агенциите. Протестите започнаа кога во минатата недела францускиот парламент ги усвои мерките за нови вработувања, според кои, меѓу другото, работодавачите можат да ги отпуштаат од работа младите без образложение. Претседателот Жак Ширак му даде целосна подршка на премиерот Диминик Де Вилпен во спроведувањето на мерките.
XS
SM
MD
LG