Достапни линкови

Техеран: Иран ќе се спротистави на надворешни притисоци околу нуклеарната програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска повтори дека неговата земја ќе му се спротивстави на секој надворешен притисок околу нуклеарната програма. Нема сила која ќе ни го одземе правото да имаме нуклеарна технологија, изјавил тој во говорот одржан на северот од земјата. Во меѓувреме, дипломати од петте постојани членки на Советот за безбедност ја продолжуваат работата на заедничката изјава со која ќе се побара од Иран да го запре збогатувањето на ураниумот и целосно да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија.
XS
SM
MD
LG