Достапни линкови

logo-print

Хаг: Официјално затворено судењето на Милошевиќ


Хашкиот трибунал за воени злосторства денеска и официјално го затвори судењето против Слободан Милошевиќ. Трибуналот изрази жалење поради неговата смрт што се случи во саботата. Милошевиќ четири години самиот се бранеше од шеесетината обвинувања за воени злосторства во поранешна Југославија. Тој никогаш не го призна Трибуналот во Хаг. Инаку, денеска таму се очекува неговиот син Марко да го преземе телото на татко му. Пред заминувањето од Москва тој изјави дека Белград сакал да спречи погребот да биде во тој град и оти затоа ќе побара дозвола привремено да биде погребан во Москва. Во Хаг се очекува и доаѓањето на четворица руски доктори кои треба да ги преиспитаат резултатите од обдукцијата кои покажале дека Милошевиќ умрел од срцев удар.
XS
SM
MD
LG