Достапни линкови

Москва: Лавров ги обвини САД за одлагањето на руското членство во СТО


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини Соединетите Држави за одлагање на руското членство во Светската Трговска Организација од политички причини. Русија преговара веќе десет години, и Лавров изјави дека смета оти Вашингтон очекува од Москва повеќе отколку од другите земји. Само Соединетите Држави и Колумбија немаат потпишано билатерален договор со Русија што е предуслов за руското членство во СТО. Главна пречка е пристапот на Соединетите Држави на рускиот финансиски пазар.
XS
SM
MD
LG