Достапни линкови

Хаг: Почина Слободан Милошевиќ


Поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ почина денеска во затворот на Трибуналот за воени злосторства во Хаг.

„Во сабота, 11 март 2006 година, Слободан Милошевиќ е пронајден во безживотна состојба во неговиот кревет во ќелијата на Одделението за притвор на Обединетите нации во Шевенинген.Притворскиот стражар веднаш го алармирал дежурниот офицер и медицинскиот персонал. Подоцна е потврдено дека Слободан Милошевиќ починал. Холандската полиција започна истрага. Издаден е налог за обдукција на телото и токсиколошки испитувања. Семејството на Слободан Милошевиќ е известено за смртта.“ соопшти Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија..

Милошевиќ на кого Трибуналот му судеше за воени злосторства и геноцид во Босна и Херцеговина, Хрватска и на Косово, во повеќе наврати се жалеше на здравствени проблеми во хашката судница.

Судскиот совет на 24 февруари одби привремено да го пушти Милошевиќ на лекување во Москва, два дена откако тој го извести судот дека не може да го продолжи испитувањето на сведокот бидејќи не се чувствува добро.
XS
SM
MD
LG