Достапни линкови

„Од по жица“ кога станува збор за проширувањето


Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе одат по тенка линија кога на утрешниот состанок со нивните колеги од Западен Балкан ќе треба да им кажат и дека надежите за влез на регионот во Европската Унија се нечепнати, и оти во Унијата гасне жедта за натамошно проширување. Денешниот, прв ден од редовниот министерски состанок во Салзбург е посветен на Блискиот Исток.

Австрија, домаќин на состанокот во Салзбург, го стави Балканот, кој во минатото беше дел од aвстроунгарската империја, во центарот на вниманието на своето шест месечно претседавање со Европската Унија. Виена смета дека морковот наречен членство во Унијата е клучен елемент во промовирањето на рефомите и на обновата во регионот по неколкуте војни во текот на деведесетите години. ,,Европската перспектива е гориво за реформите на тие општества,, смета шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник. Сепак, во западна Европа расте скептицизмот за Унијата особено по големото проширување пред две години што пак придонесе за отфрлање на европскиот устав од страна на Франција и на Холандија. Европскиот парламент, Франција и Германија се на мислење дека Европската Унија не може да се проширува понатаму од Романија и Бугарија, земји за кои веќе постои согласност за прием, се додека не биде надминат проблемот нарешен Европски устав што е клучен за натамошната институционална иднина на Унијата. Некои влади инсистираат во нацрт резолуцијата од состанокот во Салцбург да се додаде референцата ,,капацитет за абсорпција,, израз кој стана шифра за оставање отворена врата за поддршка на напорите на оние земји што сакаат да станат членки на Унијата. ,,Ако ги имате предвид сегашните дебати околу проширувањето, ќе видите дека отворената врата не гарантира и влез во Унијата,, ја цитира агенцијата Ројтерс изјавата на еден функционер во австриската влада. Агенцијата потсетува дека Европската Унија во минатиот декември и го даде на Македонија многу посакуваниот кандидатски статус, но без да го назначи датумот на започнувањето на преговорите за членство. На состанокот во Салцбург се очекува евроминистрите да го зголемат притисокот врз земјите од Западен Балкан во нивнта борба против организираниот криминал, шверцот со дрога и луѓе...Австрија најави дека ќе покрене проекти за потесна соработка во обучувањето на полицијата и на граничните патроли. ,,Сакаме да извезуваме безбедност за да можеме да увезуваме безбедност,, вели австрискиот министер за внатрешни работи Лизе Прокоп. Но, она што е клучно за земјите во регионот, олеснувањето на визниот режим, по се изгледа ќе оди чекор по чекор, земја по земја, и на начин кој секогаш може да биде преиспитуван, сметаат аналитичарите.
XS
SM
MD
LG