Достапни линкови

Значаен чекор, но без поголемо влијание врз официјална Атина


Иницијативата за ословување на Македонија со нејзиното уставно име, а не со референцата ПЈРМ, од страна на дел од грчката јавност е значајна, но тоа не може многу да влијае на официјалната политика на Атина, вели Павле Васкопулос член на колективното раководство на политичката партија на Македонците во Грција

„Причината не е во суштинска промена на перцепцијата и на политиката на грчката влада, но и на грчкото општество во однос на почитувањето на македонскиот идентитет. Туку, и во самата петиција стои дека не може нешто посебно да се направи за да се промени нешто што е факт. Овие така наречени демократи што зборуваат за некои компромиси, во суштина тоа го прават чисто за политички маркетинг и заради фактот дека е невозможно и тие нешто да променат кога станува збор за признавање на државата Република Македонија и македонскиот идентитет.“

Според него за да се произлезе нешто повеке од ваквите иницијативи и декларации, тие треба да добијат поголема популарност, што не е случај

„Такви иницијативи за жал во грчките мас медиуми заземаат несразмерно мало место за да може да предизвикаат различно мислење во општеството. Ќе треба многу време да се промени ситуацијата.“

Кога станува збор пак за македонското малцинство во октомври минатата година Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди Грција да и плати отштета од 32 илјади евра на партијата Виножито, чии активисти беа нападнати во Лерин во септември 1995 година. Средствата треба да ги добијат следниот месец:

„Најновата вест е дека веќе е пуштен налог до државниот буџет дека треба да се направи до 20 април,“

изјави Васкопулос.
XS
SM
MD
LG